Претседателот на Чад Идрис Деби Итно се состана со претседателот на Собранието Мустафа Шентоп

Претседателот на Чад Идрис Деби Итно го посети Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и се состана со претседателот на Собранието Мустафа Шентоп

1153677
Претседателот на Чад Идрис Деби Итно се состана со претседателот на Собранието Мустафа Шентоп

Претседателот на Чад Идрис Деби Итно кој на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган допатува во посета на Турција во рамките на своите средби и разговори во Анкара по остварената посета на мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“, се состана со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.

Средбата се одржа во канцеларијата на претседателот на Собранието Шентоп.

Претседателот на Чад Итно и Шентоп потоа претседаваа и со меѓуделагациските разговори.

На овдешните разговори присуствуваа и генералниот секретар на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мехмет Али Кумбузоглу, претседателот на Парламентарната група за пријателство помеѓу Турција и Чад пратеникот на владејачката партија од Орду Ерѓун Ташчи, амбасадорот на Турција во Енџемине Ердал Сабри Ерген и амбасадорот на Чад во Анкара Адоум Дангаи Нокур Гует.

По разговорите кои беа затворени за медиумите, претседателот на Чад Идрис Деби Итно ги прошета деловите од Собранието кои беа бомбардирани за време на обидот за државен удар на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО ноќта на 15 јули 2016 година.

Во оваа пригода, генералниот секретар на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мехмет Али Кумбузоглу го информираше гостинскиот претседател за случувањата и извршените напади ноќта на 15 јули 2016 година.

Претседателот на Чад Идрис Деби Итно потоа ја прошета и собраниската сала.

 



Слични вести