„Ние ќе ве побараме“ гласеше одговорот на Ердоган на барањето на макрон

Ердоган рече дека моментално се фокусирани кон локалните избори што ќе се одржат на 31 март

1153477
„Ние ќе ве побараме“ гласеше одговорот на Ердоган на барањето на макрон

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на барањето на францускиот претседател Емануел М;акрон за одржување средба рече: „Ние ќе ве побараме“.

Во интервјуто за еден приватен ТВ-канал, претседателот Ердоган се осврна на актуелните случувања.

Во освртот на случувањата во Сирија, Ердоган рече дека Турција, контролата над безбедносните зони во Сирија нема да им ја остави ниту ба Германија, ниту на Франција ниту на САД.

На барањето на Макрон одржување средба на тоа прашање, Ердоган рече дека му одговорил со зборовите; Ние ќе ве побараме.

Ердоган рече дека моментално се фокусирани кон локалните избори што ќе се одржат на 31 март.

„Макрон достави барање за одржување средба. Ние му рековме дек моментално имаме изборни кампањи. Кога ќе најдеме слободно време ќе ви јавиме. Моментално сме во таа етапа“ рече Ердоган.



Слични вести