Остра осуда од Турција на масакрот во Хоџали и окупацијата на азербејџанските територии

МНР на Турција: Остро го осудуваме овој масакр и окупацијата на азербејџанските територии од страна на Ерменија. Длабоко ја чувствуваме и споделуваме болката од масакрот на кој што беа подложени нашите азербејџански браќа во Хоџали, пред 27 години.

1152666
Остра осуда од Турција на масакрот во Хоџали и окупацијата на азербејџанските територии

Турција остро ги осуди масакрот во Хоџали на 27-годишнината и окупацијата на азербејџанските територии од страна на Ерменија.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи по повод одбележувањето на 27-годишнината од масакрот во Хоџали на 26 февруари 1992 година) се вели следното: „Остро го осудуваме овој масакр и окупацијата на азербејџанските територии од страна на Ерменија. Длабоко ја чувствуваме и споделуваме болката од масакрот на кој што беа подложени нашите азербејџански браќа во Хоџали, пред 27 години.“

Во соопштението се потсетува дека во реалзиираниот напад од страна на единиците на Република Ерменија на 26 февруари 1992 година во градчето Хоџали во областа Нагорно Карабах, во Азербејџан, беа убиени, ранети и заробени стотици азербејџански граѓани.

Се нагласува дека како резултат на оваа агресивност кон народот и окупацијата на азербеџјанските територии од страна на Ерменија беа принудени на иселување од своите домови повеќе од 1 милион Азербејџанци и беа осудени да живеат бегалски живот во својата татковина.

„Им посакуваме милост од Аллах на загинатите во оваа трагедија, и го иарзуваме нашето сочувство до сите наши азербејџански браќа.“ - стои во соопштението.

Градчето Хоџали кое кон крајот на 1991 година беше земено под опсада од страна на ерменските сили, располагаше со површина од 938 квадратни километри и броеше 2.605 семејства, односно вкупно 7 илјади лица.

Ерменците во декември 1991 година го окупираа градот Ханкенди кој се смета за главен град на Нагорно Карабах, а потоа нивна следна цел беше градчето Хоџали.

Ерменските сили ги блокираа сите патишта и ги окупираа сите села во околината на Хоџали, со што ја прекинаа врската на градчето со другите градови од копно. Единствената комуникација на Хоџали со другите области се воспоставуваше со хеликоптер, меѓутоа по соборувањето од страна на ерменските сили на хеликоптерот кој на 28 јануари 1992 година леташе од Суша за Агдам, беше прекината и оваа врска.

Во овој настан животот го загубија 44'јца цивили од кои мнозинството беа жени и деца.  

Одбраната на Хоџали каде што не можеше да се доставува електрична струја уште од почетокот на 1992 година ја обезбедуваа само локални сили за одбрана вооружени со лесно оружје и малиот број војници на националната армија.

Ерменските сили почнувајќи од 25 февруари 1992 година го нападнаа градчето Хоџали од три страни, додека 366'тиот моторизиран полк на армијата на тогашниот Советски Сојуз со целокупната артилерија го гранатираше, со топови и тенкови, градчето во текот на 2 часа.

Еден ден по овие жестоки напади беше извршен масакрот во Хоџали за кој што се уште се свежи сеќавањата.

Според официјални податоци, за време на масакрот во Хоџали беа ѕверски измасакрирани вкупно 613 недолжни азербејџански граѓани од кои 106 беа жени, 63 деца и 70 старци. 

Од масакрот се спасија  487 тешко ранети лица.

Ерменските сили заробија 1.275 лица од кои од 150 лица не беа и се уште не можат да се добијат никакви информации.



Слични вести