ЕУ предупреди да се избегнува од воена интервенција во Венецуела

Портпаролката на Европската унија (ЕУ) Маја Коцијанчич истакна дека треба да се избегнува од воена интервенција во Венецуела и повика кризата во оваа земја да се реши со мирољубиви и демократски патишта

1152332
ЕУ предупреди да се избегнува од воена интервенција во Венецуела

Европската унија (ЕУ) предупреди да се избегнува од воена интервенција во Венецуела.

Портпаролката на Европската комисија (ЕК) Маја Коцијанчич истакна дека кризата во Венецуела треба да се реши со мирољубиви и демократски патишта и дека до оваа цел не може да се достигне по пат на насилство.

Коцијанчич рече: Треба да се избегнува од воена интервенција во Венецуела."

Претседателот на Националното Собрание на Венецуела, кое се наоѓа во рацете на опозицијата, Хуан Гуаидо минатиот месец се прогласи за "привремен претседател на државата" и веднаш потоа најпрвин беше признат од страна на САД, а потоа и од земји како што се Австралија, Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Коста Рика и Гватемала, а како последно чекор во оваа насока фрли и Европскиот парламент (ЕП).

Од друга страна Турција Мексико Русија Иран Куба Кина и Боливија ја повторија поддршката на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

По овие случувања Мадуро соопшти дека ги прекинува дипломатските и политичките односи со САД но рече дека трговските односи ќе продолжат.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак истакна дека едната од опциите е да бидат испратени војници во Венецуела.



Слични вести