Чавушоглу за руски Спутник: Контролата со безбедната зона треба да биде кај турската страна

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека контролата со безбедната зона за која се планира да се формира на границата со Сирија, треба да биде кај турската страна

1152270
Чавушоглу за руски Спутник: Контролата со безбедната зона треба да биде кај турската страна

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во швајцарскиот град Женева каде што замина за состанокот на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) говореше за рускиот информативен портал Спутник.

Одговарајќи на прашањето во врска со безбедната зона за која се планира да се формира на границата со Сирија, Чавушоглу истакна дека контролата со безбедната зона, треба да биде кај турската страна.

„Ова место е веднаш преку нашата граница, со процесот треба да раководи Турција. Меѓутоа, ние секогаш работевме со Русија и ќе продолжиме да работиме со Москва, вклучувајќи ги и руските безбедносни институции и армијата.“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Од друга страна, американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) претходно соопшти дека за формирање на безбедна зона во североисточниот дел на Сирија ќе бидат оставени неколку стотина војници, како дел од меѓународните сили.



Слични вести