За нов претседател на Собранието на Турција избран Мустафа Шентоп

Кандидатот на владејачката АК Партија и пратеник од градот Текирдаг Мустафа Шентоп во третиот круг од гласањето е избран за нов претседател на Собранието, добивајќи 336 гласа на пратениците

1151515
За нов претседател на Собранието на Турција избран Мустафа Шентоп

Нов претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) стана пратеникот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) од градот Текирдаг Мустафа Шентоп.

За избор на новиот претседател на Собранието денеска се одржа тајно гласање.

Во првите одржани два круга од гласањето не можеше да се добијат потребните 400 гласа.

Потоа се премина на третиот круг од гласањето и кандидатот на владејачката АК Партија Мустафа Шентоп кој по професија е правник добивајќи ја поддршката и на опозиционата Партија за национално движење МНП, со добиени 336 гласа е избран за нов 29'ти претседател на Собранието.

Во третиот круг од гласањето учествуваа 542'јца пратеници.

На гласањето кандидатот на АК Партијата и пратеник од Текирдаг Мустафа Шентоп доби 336 гласа, кандидатот на главно опозициона Народна Републиканска партија (ЏХП) пратеникот од Истанбул Енгин Алтај 124 гласа, кандидатката на Демократската партија на народите (ХДП) пратеничката од Измир Серпил Кемалбај Пекѓозеѓу 46, а кандидатот на Ији партијата пратеникот од Газиантеп Имам Хусејин Филиз доби 33 гласа.

3 гласа беа неважечки.

Прв на Мустафа Шентоп му честиташе досегашниот претседател на Собранието Бинали Јилдирим кој по оваа должност е кандидиран за градоначалник на Истанбул за претстојните локални избори на 31 март.

Новоизбраниот претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во говорот по изборот им се заблагодари на пратениците и се стави акцент на "заедничкиот ум и преговарањето".

Нагласувајќи ги правдата и неутралноста Шентоп рече: "Да не се заморуваме взаемно со дискусии без резултат."

Досегашниот претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим поднесе оставка на оваа функција поради неговата кандидатура за градоначалник на Истанбул на локалните избори закажани за 31 март.

Документот за негово повлекување од функцијата беше прочитан пред Собранието на 19 февруари, во вторникот, по што започна процесот за кандидирање за нов претседател на Собранието, кој што истече вчера.



Слични вести