Сојлу: Ќе ја информираме јавноста за врските на американските генерали со терористичката ЈПГ/ПКК

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека во наредните денови јавноста ќе биде информирана за врските на американските генерали со сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК

1151511
Сојлу: Ќе ја информираме јавноста за врските на американските генерали со терористичката ЈПГ/ПКК

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во говорот што го одржа на програмата организирана со учество на претседателите на месни заедници во градот Трабзон, се осврна на борбата против тероризмот.

Сојлу истакна дека во наредните денови јавноста ќе биде информирана за врските на американските генерали со сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Нагласувајќи дека нема да се застане се додека не биде неутрализиран и последниот терорист, Сојлу напомена дека порано на планините имаше 15 илјади терористи додека сега останаа само 700 терористи.

Тој истакна дека безбедносните сили само во 2018 година елиминираа 13 терористи означени со црвена боја и дека во Турција не останаа терористи од водечкиот кадар на организацијата.

Привлекувајќи внимание дека и внатре во терористичката организација е започната многу голема дискусија, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече: "Во наредните денови ќе ја информираме јавноста како и какви врски воспоставуваат Америка, и американските генерали со ЈПГ и со ПКК, како се обидуваат да им годат, како им доделуваат поклони, како ги опремуваат... Нели има од оние кои ги фативме, оние од водечкиот кадар, еден по еден признаваат, за својот живот ја продаваат Америка, ја продаваат Европа."



Слични вести