Средба на Хулуси Акар и Патрик Шанахан во Вашингтон

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и вршителот на должноста американски секретар за одбрана Патрик Шанахан се состанаа во зградата на Пентагон во Вашингтон

1150989
Средба на Хулуси Акар и Патрик Шанахан во Вашингтон
akar-shanahan.jpg
akar-shanahan1.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Вашингтон се состана со вршителот на должноста секретар за одбрана на САД Патрик Шанахан.

Според објавеното соопштение на интернет страницата на Министерството за национална одбрана, на остварените билатерални и меѓуделегациски разговори во Секретаријатот за одбрана на САД (Пентагон) учествуваа и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД генерал на армија Џозеф Данфорд.

На средбата лице в лице помеѓу  Акар и Шанахан беше разговарано за различни прашања вклучувајќи ги и билатералната соработка во сферата на одбраната, операциите против ДЕАШ во Сирија и грижите на Турција во врска со поддршката на САД на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

На средбата, министерот за национална одбрана Хулуси Акар се осврна на значењето на соработката во воспоставувањето на политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија, а воедно ја нагласи и одлучноста на Турција во борбата против сите терористички организации вклучувајќи ги и ПКК, ЈПГ, ПЈД, ДЕАШ и Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

Двајцата министри за одбрана, Хулуси Акар и Патрик Шанахан го повторија значењето на стратешкото партнерство помеѓу двете земји кои располагаат со коренито минато и соработката во склопот на НАТО, вклучувајќи ги и Авганистан, Косово, Ирак и поморските активности на НАТО.



Слични вести