Ердоган: Со проектот Терсане Истанбул ќе бидат обезбедени услови за вработување на 60 илјади лица

Претседателот Ердоган истакна дека со реализација на проектот Терсане Истанбул (Бродоградилиште Истанбул) ќе бидат обезбедени услови за вработување на 60 илјади лица

1151133
Ердоган: Со проектот Терсане Истанбул ќе бидат обезбедени услови за вработување на 60 илјади лица

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска учествуваше на церемонијата на поставување на камен темелникот на Терсане  (Бродоградилиштето) во Џамикебир во Бејоглу, во Истанбул и во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека во рамките на проектот Терсане Истанбул (Бродоградилиште Истанбул) во Халич (Златниот рог), за прв пат ќе изгради и еден музеј на жена. 

Велејќи дека се реализира еден историски проект на поставување на камен-темелник за Истанбул и Халич (Златниот рог), Ердоган напомена дека овој проект не само што ќе ја зголеми вредноста на брендот на Истанбул ќе има позитивен придонес и за туристичките приходи на Турција.

Тој истакна дека во рамките на проектот кој што ќе биде ставен во примена на простор од 238 илјади квадратни метри ќе бидат изградени две јатски пристаништа со капацитет за врзување на 70 јахти и 3 хотели со 5 ѕвездички. 

"Овде ќе бидат изградени 3 мошне значајни музеи на Турција. За прв пат овде ќе изградиме музеј на жена. Проектот Терсане Истанбул (Бродоградилиште Истанбул) ќе обезбеди услови за вработување на 60 илјади лица." - рече Ердоган.

Велејќи дека во рамките на проектот ќе има културен центар, простор за изложби, театар, кино, објекти за забава и покриено паркиралиште со капацитет за 5.700 возила, претседателот Ердоган потсети дека дел од овој проект се и апарт единица и отворен простор за живеење од 100 илјади квадратни метри, како и простор за продажба на мало од 80 илјади квадратни метри.

Ердоган нагласи дека Халич (Златниот рог) повторно е претворен во бисер на Истанбул и со новите реализирани проекти ова место ќе биде искачено во погорна лига.

"Ќе ја ставиме во примена линијата на железничката пруга Дековил Кемербургаз-Црноморското крајбрежје. Иншаллах (со Аллахова помош) во наредниот период ќе продолжиме да го разубавуваме Истанбул, ете како што е денеска овде, со неговите патишта, метро линии, паркови, градски градини, инфраструктурата, супструктурата." - додаде претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести