Ердоган: Ако европските народи денес живеат во мир, тоа е благодарение на пожртвуваноста на Турција

Претседателот Ердоган истакна дека ако европските народи денес живеат во мир и безбедност на своите територии тоа е благодарение на пожртвуваноста на Турција и турскиот народ

1151212
Ердоган: Ако европските народи денес живеат во мир, тоа е благодарение на пожртвуваноста на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање пред граѓаните на одржаниот митинг во градот Кахраманмараш се осврна на прашањето со Сирија.

Ердоган обраќајќи им се на западните земји истакна дека ако европските народи денес живеат во мир на своите територии тоа е благодарение на пожртвуваноста на Турција.

„Ако денес европските народи живеат во мир и безбедност на своите територии, тоа е благодарение на пожртвуваноста Турција и турскиот народ. Меѓутоа ние не сме во состојба оваа пожртвуваност да ја продолжиме вечно. И на нашите сириски браќа во нашата земја, им недостигаат нивните домови и татковината. Сакаат што поскоро да се вратат во својата татковина.“ - рече Ердоган.

Велејќи дека денеска единственото место каде што се враќаат луѓето кои избегале од своите територии во Сирија се местата кои што се доведени во безбедна состојба од страна на Турција, претседателот Ердоган напомена дека досега во Африн, Џарабулус и Идлиб се вратија 311 илјади Сиријци.

Ердоган се осврна и на значењето на безбедната зона што ќе се формира во Сирија во врска со што рече: "Ние велиме 'дојдете подрачјето на Идлиб да го доведеме во целосна безбедна зона'. Затоа разговараме со Русија и Иран, а постигнавме и сериозен напредок."

Потсетувајќи дека се посакува безбедната зона да се реализира заедно со сојузниците, Ердоган изјави: "Меѓутоа доколку не ни се обезбеди едно такво олеснување под секакви услови ние сме одлучни да го реализираме тоа со сопствени можности."

Тој појасни дека за да се вратат назад во Менбич најмногу половина милион Сиријци очекуваат Турција да го доведе подрачјето во безбедна состојба и дека на ист начин откако ќе биде доведен во безбедна состојба истокот на Еуфрат ќе се вратат во својата земја милиони Сиријци.

"Му се обраќам на светот, а поготово на Европа и САД, дојдете поддржете го овој напор на Турција." - додаде претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести