Претседателот Ердоган се состана со учениците иноватори од градот Маниса

Претседателот Ердоган се состана со учениците иноватори од градот Маниса кои се претставија со оригинални проекти кои што ги подготвиле и за кои рекоа дека биле инспирирани од развиените проекти во одбранбената индустрија

1150566
Претседателот Ердоган се состана со учениците иноватори од градот Маниса

Учениците иноватори од градот Маниса му ги претставија на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган своите оригинални проекти кои што ги подготвиле и за кои биле инспирирани од развиените проекти во одбранбената индустрија.

Младите иноватори кои работат во рамките на проектот „Кодирај Маниса“ на претседателот Ердоган му се обратија со следните зборови: „Вие водиме напори за нашата земја. И ние исто така по наставата одиме во нашето ателје, подготвуваме софтвери и роботички трудови и со тоа сакаме да придонесеме во домашниот и национален потег што го започнавте вие.“

Претседателот Ердоган на учениците кои му рекоа дека во нивните изуми се инспирирани од достигнувањата во одбранбената индустрија им рече дека лично верува оти ќе ги стават во примена овие нивни проекти.

На учениците кои истакнаа дека откако ги виделе ненаоружаните и наоружаните беспилотни летала (ИХА и СИХА), кои инаку се развиени со домашни можности, се стекнале со уште поголема доверба во себе, Ердоган им го рече следното: „Произведуваме и беспилотни летала (ИХА) и неоружани беспилотни летала (СИХА). Сега што следува? Сега следува Акинџи. Тој е летечки кит.“

Учениците му ги претставија на претседателот Еердоган и свои развиени проекти.

Некои од нив развија уред со кој што ќе бидат намалени шумските пожари.

Некои се претставија со применувања со кои што ќе се олесни животот на хендикепираните лица или лицата со посебни потреби.

Некои пак изумиле автоматски систем за наводнување за земјоделците.



Слични вести