Ердоган и Трамп разговараа телефонски за Сирија, билатералните односи и борбата против тероризмот

Ердоган и Трамп разговараа за билатерални прашања и последните случувања во Сирија и притоа го нагласија значењето од поддржување на политичкиот процес во оваа земја и ја подвлекоа заедничката решителност во борбата против секој вид тероризам

1150272
Ердоган и Трамп разговараа телефонски за Сирија, билатералните односи и борбата против тероризмот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Според добиени информации од извори на кабинетот на претседателот, во телефонскиот разговор стана збор за билатерални прашања и последните случувања во Сирија и притоа беше нагласено значењето од поддржување на политичкиот процес во оваа земја и беше подвлечена заедничката решителност во борбата против секој вид тероризам.

Претседателот Ердоган повторно ја потврди желбата за продолжување на блиските односи со својот стратешки партнер САД.

Двајцата лидер постигнааа согласност по прашањето на спроведување на одлуката на САД за повлекување од Сирија во усогласеност со заедничките интереси и на начин што нема да им се наштети на заедничките цели на двете земји. 

Освен тоа, Ердоган и Трамп постигнаа согласност и по прашањето на уште повеќе развивање на билатералните економски односи и постигнување на трговската цел од 75 милијарди долари.

Во објавеното соопштение од Белата куќа пак, во врска со остварениот телефонски разговор меѓу претседателот Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп се вели: „Двајцата претседатели, постигнаа согласност по прашањето на продолжување на координацијата во врска со формирањето на потенцијална безбедна зона.“

Во соопштението воедно се додава и следното: „Двајцата лидери го потцртаа значењето на билатералните односи и разговараа за голем број теми вклучувајќи ги и сириското прашање и трговијата (меѓу САД и Турција). Двајцата претседатели постигнаа согласност по прашањето на продолжување на координацијата во врска со формирањето на потенцијална безбедна зона и забележаа дека вршителот на должноста американски секретар за одбрана Патрик Шанахан и началникот на Генералштабот Џозеф Данфорд за одржување на дополнителни разговори во однос на овие прашања во текот на оваа недела ќе се состанат со своите турски колеги во Вашингтон.“


 



Слични вести