Сочувство од претседателот Ердоган по повод смртта на познатиот историчар проф. д-р Кемал Карпат

Ердоган во својата порака со сочувство истакна дека историчарот професор доктор Кемал Карпат кој имаше драгоцени придонеси за својата земја, како респектна личност секогаш ќе се споменува со почит

Сочувство од претседателот Ердоган по повод смртта на познатиот историчар проф. д-р Кемал Карпат

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака со сочувство по повод смртта на познатиот турски историчар проф. д-р Кемал Карпат.

Ердоган во својата порака истакна дека историчарот професор доктор Кемал Карпат кој имаше драгоцени придонеси за својата земја, како респектна личност секогаш ќе се споменува со почит.

Тој во својата порака со сочувство напиша: „Со длабоко жалење слушнав за смртта на проф. д-р Кемал Карпат, од драгоцените имиња на нашата земја во сферата на историјата. Нашиот ценет професор Кемал Карпат кој со значајните трудови кои што ги има остварено во сферата на историјата, делата што ни ги остави како наследство и учениците кои ги одгаи ѝ има придадено драгоцени придонеси на нашата земја. Како респектна личност секогаш ќе се споменува со почит.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му посака милост од Аллах на Кемал Карпат кој воедно е добитник и на Голема претседателска награда за култура и уметност, и го изрази своето сочувство до неговите блиски.



Слични вести