Ибрахим Калин се состана со специјалниот претставник на САД за помирување во Авганистан Халилзад

На средбата што се одржа во претседателската плата во Бешетепе, во Анкара, беше разговарано за последните случувања во Авганистан, преговарачкиот процес кој што продолжува и единството и политичката стабилноста на Авганистан

1149993
Ибрахим Калин се состана со специјалниот претставник на САД за помирување во Авганистан Халилзад

Портпаролот во кабинетот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин се состана со специјалниот претставник на САД за помирување во Авганистан Залмај Халилзад.

На средбата што се одржа во претседателската плата во Бешетепе, во Анкара, беше разговарано за последните случувања во Авганистан, преговарачкиот процес кој што продолжува и единството и политичката стабилноста на Авганистан.

На средбата, воедно беше направена проценка и на улогата што ја презема Турција во националниот мировен процес во Авганистан и придонесите кои што ги дава во повторното воспоставување на стабилноста во оваа земја.

Од друга страна, на средбата беше подвлечено и значењето на длабоките историски и културни врски меѓу Турција и Авганистан, како и древното пријателство и братството помеѓу народите на двете земји, во воспоставувањето на трајниот мир и одржливата стабилност и средината на доверба во Авганистан.



Слични вести