Чавушоглу: Во наредните денови во околината на Кипар ќе започне сондажа со два брода

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека богатствата од јаглеводороди во Егејското Море, Источниот Медитеран и во околината на Кипар претставуваат стратешка цел и национално прашање за Турција

Чавушоглу: Во наредните денови во околината на Кипар ќе започне сондажа со два брода

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу говореше на состанокот на деловниот свет во градот Ајдин и притоа соопшти дека во наредните денови во околината на Кипар ќе бидат започнати активности за сондажа со два брода.

„Кипар за нас претставува и стратешка цел и национална кауза.“ - рече Чавушоглу. 

Нагласувајќи дека богатствата од јаглеводороди во Егејското Море, Источниот Медитеран и во околината на Кипар претставуваат стратешка цел и национално прашање за Турција, Мевлут Чавушоглу рече: „Никогаш не дозволивме и нема да дозволиме да бидат прегазени правата на турскиот народ на Кипар и Турција.“

Чавушоглу напомена дека во наредните денови во околината на Кипар ќе бидат започнати активности за сондажа со два брода и продолжи со следните зборови: „Порано сеизмички истражувања вршеше бродот Барбарос Хајреттин Паша. Сега имаме платформа. Во областа кај Аланја ќе реализира сондажа до март. Откако ќе заврши таму, ќе премине на Кипар. Деновиве дојде и нашата нова платформа. Ќе одеше за Црното Море, но и него го упатуваме таму, за да видат и оние кои во тој регион доаѓаат од далеку и нивните фирми, дека таму не може да се прави ништо без нас.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу додаде дека во Средоземното Море не може да се прави ништо без Турција и дека тоа нема да се дозволи.



Слични вести