Повик од Истанбул за меѓународна соработка во управувањето со миграцијата и правата на мигрантите

На 6. министерска конференција на процесот од Будимпешта што се одржа во Истанбул беше упатен повик за меѓународна соработка во управувањето со миграцијата и правата на мигрантите

1149371
Повик од Истанбул за меѓународна соработка во управувањето со миграцијата и правата на мигрантите

Во „Повикот за Акција“ кој што опфаќа 5 години и беше објавен од страна на земјите учесници на Шестата министерска конференција на процесот од Будимпешта што се одржа во Истанбул, беше нагласена меѓународната соработка во управувањето со миграцијата и правата на мигрантите.

На крајот на 6. министерска конференција на процесот од Будимпешта која што се одржа вчера и денеска во Истанбул и на која се дискутираше за наслови управување со миграцијата, правата на мигрантите и спречувањето на илегалните миграции, беше објавено соопштение со "Повик за акција" составен од 6 членови.

Во соопштението се истакнува дека Повикот за акција ги комплетира "Ветувањата од Истанбул" на Партнерството за миграција на Патот на свилата, како политичка декларација која ќе биде прифатена по состаноците.

Во повикот кој што опфаќа цели во 6 наслови  првенствено се привлекува внимание на значењето да се биде во соработка во усогласеност со меѓународните човекови права по прашањето на спречувањето на илегалната миграција и трговијата со луѓе, борбата против илегалната миграција, спречувањето на незаконските финансиски движења и применувањето на принципите за невраќање назад.

Повикот и придава приоритет и на потребата од забрзување на процесот придружувајќи се притоа кон соработката меѓу земјите цел, транзит и извор во миграциите,  со почитување на меѓународните човекови права во прописите за враќање назад и придружувајќи  се кон решенијата на технологиите на информирање и комуникација.



Слични вести