Ердоган: Турција нема да ги сопре работите за истражување на нафта во Источниот Медитеран

Претседателот Ердоган истакна дека Турција нема да ги сопре работите за истражување на нафта во Источниот Медитеран

Ердоган: Турција нема да ги сопре работите за истражување на нафта во Источниот Медитеран

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање на колективната церемонијата на ставање во употреба на неколку нови проекти што се одржа во паркот Ќороглу во населеното место Алтиндаг во Анкара покажа реакција против критиките кои што се упатуваат во врска со активностите на Турција за истражување нафта во водите на Источниот Медитеран. 

Ердоган истакна дека Турција нема да ги сопре работите за истражување на нафта во Источниот Медитеран.

„Нема да се откажеме од одбраната на правата на нашата земја и на нашите браќа во Северен Кипар над енергетските извори. Нашите работи ќе ги продолжиме до крај и Иншаллах (со Аллахова помош) ќе му ги дадеме и радосните вести на нашиот народ кои што ги очекува со нетрпение.“ - рече Ердоган.

Велејќи „На нашиот дневен ред се наоѓа формирањето на безбедна зона во нашите погранични области“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека 310 илјади од сириските бегалци кои се наоѓаа во Турција се вратија назад во своите домови.



Слични вести