Ердоган: Безбедната зона претставува најпрактично решение за враќање назад на сириските бегалци

Претседателот Ердоган во своето обраќање на Шестата министерска конференција на процесот од Будимпешта, во сарајот Чираган во Истанбул истакна дека безбедната зона претставува најпрактично решение за враќање назад на сириските бегалци

1148690
Ердоган: Безбедната зона претставува најпрактично решение за враќање назад на сириските бегалци
erdoğan.jpg
budapeşte erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Таjjип Ердоган вчера вечер се обрати на Шестата министерска конференција на процесот од Будимпешта што се одржа во сарајот Чираган во Истанбул и притоа истакна дека во целиот свет има приближно 260 милиони мигранти, повеќе од 68 милиони присилно раселени лица и над 25 милиони бегалци.

„Јасно стои дека нема да претставува решение спречувањето на илегалната миграција со изградба на повисоки ѕидови и со поставувањето на подолги бодликави жици.“ - рече Ердоган.

Тој воедно рече дека стопирањето на помошта за палестинските бегалци и обидот за нивно воспитување со сиромаштија претставува нечовечност.

Претседателот Ердоган истакна дека доколку дојде до нов бегалски бран Турција веќе не може да се справи самата.

Укажувајќи на тоа дека се додека продолжат прекршувањата на правата и судирите, се додека се продлабочува провалијата помеѓу богатиот и сиромашниот мигрантите секогаш ќе се усмеруваат кон нови патишта, Ердоган рече: „Бројката што ја потрошивме за бегалците со наши сопствени можности, според критериумите на Обединетите нации (ОН) изнесува над 37 милијарди долари.“

Осврнувајќи се и на тврдењата за наводниот геноцид над Ерменците, претседателот Ердоган во своето обраќање рече: „Моментално во светот, на Запа, се изнесуваат особено одредени пропаганди за наводен геноцид над Ерменците. Ние пак велиме дека тоа е работа на историчарите.“

„Во текот на нашиот живот, во текот на нашата историја, овој народ никогаш не извршил геноцид врз ниту еден етнички идентитет.“ - рече Ердоган

Во однос на тоа доколку дојде до евентуален нов бегалски бран кон Турција, претседателот Ердоган го рече следното: „Како единствен пат за решение за бегалскиот проблем од Сирија, не може да се смета  нивното згрижување во нашите граници. Доколку дојде до нов бегалски бран  веќе не можеме да се справиме самите.“

Потсетувајќи дека луѓето не бегаат само за подобра работа и повисок животен стандард, туку за да би можеле да останат во живот, да се нахранат и да би можеле да најдат парче леб за своите деца, Ердоган напомена дека овие патувања кон надеж во повеќе случаи завршуваат со смрт и катастрофа.

„Формулата за безбедна зона која што ја поставив на дневен ред во првите години на кризата (2011), претставува најпрактично решение за враќање назад (на бегалците).“ - рече Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање нагласи дека во еден ваков период веќе судбината на Европа не би можела да биде независна од онаа на Африка, а судбината на Северна Америка од судбината на Јужна Америка.

Тој воедно укажа на тоа дека во период кога технологијата и можностите за комуникација кои се во постојат развој, ги приближуваат сите луѓе едни со други, мораат да се изнајдат и заеднички решенија за проблемите.



Слични вести