На границата со Сирија испратени нови командоси

Продолжуваат да се испраќаат дополнителни војници на границата со Сирија

1146980
На границата со Сирија испратени нови командоси

Од страна на Турските вооружени сили (ТВС) се испратени нови командоси со цел зајакнување на воените единици распоредени на границата со Сирија.

Конвојот составен од оклопни возила кои превезуваа командоси испратени од различни воени единици најпрвин пристигнаа во населеното место Хасса кај градот Хатај.

Командосите кои под безбедносни мерки  потоа се упатија кон населеното место Кирикхан кај градот Хатај, како што се дознава се испратени со цел зајакнување на воените единици распоредени на границата со Сирија.



Слични вести