Хулуси Акар: Безбедната зона источно од Еуфрат треба да биде под контрола на Турските вооружени сили

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека безбедната зона во должина од 440 километри во источниот дел на реката Еуфрат треба да се исчисти од терористите на ЈПГ/ПКК и да биде под контрола на Турските вооружени сили (ТВС)

1146982
Хулуси Акар: Безбедната зона источно од Еуфрат треба да биде под контрола на Турските вооружени сили

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар последниот ден од 55'тата Меѓународна Конференција за безбедност во германскиот град Минхен заедно и со специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри, либанскиот министер за надворешни работи Елиас Боу Сааб, генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Ебу Гејт и заменикот руски министер за надворешни работи Сергеј Рјабков учествуваше на панел посветен на Сирија.

Во говорот што го одржа овде пред присутните министерот Хулуси Акар истакна дека главно прашање за Турција во Сирија е безбедноста на нејзините граници и нејзиниот народ. 

Акар напомена дека сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК реализира провокации против Турција и рече дека една од целите на Турција е да се исчисти подрачјето од терористите, вклучувајќи ја и терористичката организација ЈПГ.

Потсетувајќи дека се формирани Сили за заедничка задача помеѓу Турција и САД, Хулуси Акар нагласи дека ќе се воспостави погодна средина за враќање на Сиријците назад во својата земја.

Тој подвлече дека безбедната зона во должина од 440 километри во источниот дел на реката Еуфрат треба да се исчисти од терористите на ЈПГ/ПКК и да биде под контрола на Турските вооружени сили (ТВС), а воедно изјавата на специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри во однос на тоа дека „во Сирија се убиени 500 илјади лица“, ја поправи со зборовите „Според нашите бројки, од страна на режимот и терористите се убиени 1 милион лица“.

Нагласувајќи ги Турција посакува да се одржат избори и да се формира легитимна влада во Сирија, Акар појасни дека Таа воедно вложува интензивни напори за да не се доживее уште еднаш човечка криза во подрачјето.

Акар потсети дека меѓу ЈПГ и ПКК не постои никаква разлика и рече: „Борбата на Турција против терористичките организации се меша со нејзината врска со Курдите. Ние немаме никакви проблеми со Курдите, тоа е јасно.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар додаде дека протоколот од Адана потпишан помеѓу Турција и Сирија во 1998 година обезбедува можност за водење борба против терористите.



Слични вести