Претседателот Ердоган: САД треба да го предадат челникот на ФЕТО и да го покажат своето пријателство

Претседателот Ердоган истакна дека САД треба да го предадат челникот на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и со тоа да го покажат своето пријателство

Претседателот Ердоган: САД треба да го предадат челникот на ФЕТО и да го покажат своето пријателство

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа учествуваше во заедничката специјална  програма на неколку приватни телевизиски канали каде што направи проценка на актуелните случувања.

Ердоган истакна дека САД треба да го предадат челникот на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и со тоа да го покажат своето пријателство.

Тој покажа реакција на тоа што САД го заштитуваат челникот на ФЕТО кој е одговорен за обидот за државен удар на 15 јули 2016 година.

"Во нашата земја постојат толку голем број донесени одлуки во врска со ФЕТО. Ние во врска со него им испративме на САД 85 кутии со предметни досиеја и се е јасно." - рече Ердоган и продолжи со следните зборови: "САД само ќе го депортираат,  нека го испратат да го видиме нашето пријателство. Ова прашање ја зголемува затегнатоста помеѓу нас и САД."

Претседателот Ердоган привлече внимание дека изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп "во рок од 24 часа ќе објавам соопштение за прашањето со Сирија", можеби се однесува на прашањето со ДЕАШ.

"Трамп ќе рече, извојувавме победа над ДЕАШ. Можеби ќе биде прогласување на победа. Ионака што ли остана од ДЕАШ во Сирија, веќе има само остатоци." - напомена Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган покажа остра реакција и против францускиот претседател Емануел Макрон кој упати клевета против Турција во врска со настаните од 1915 година и притоа едно по едно ги наброи геноцидите кои што ги изврши Франција.

Велејќи му на Макрон да ја научи својата историја, продолжи со следните зборови: "Му реков на Макрон, ти си нов во политиката. Научи ги овие работи. Сега јас ти одржувам лекција по историја. Ти најпрвин среди ја оваа работа. Во нашата историја нема геноцид. Најпрвин научи ја историјата на оваа работа. Освен тоа што Ерменците во нашата земја никогаш не биле подложени на геноцид, и моментално ние имаме 100 илјади наши (ерменски) граѓани."

Претседателот Ердоган во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашички (Џамал Кашоги) го повтори повикот за покренување на меѓународна истрага .

Укажувајќи на тоа дека постојат нови докази, Ердоган рече: "Ние не ги предадовме сите документи кои што ги поседуваме. (Едниот од извршителите на убиството) вели 'јас знам многу добро да сечам'. Потоа дознаваме дека тој човек е експерт по судска медицина. Сега кога сето тоа е сосема јасно што ќе криете."



Слични вести