Заедничка декларација од четвртиот троен самит во Сочи меѓу Турција, Русија и Иран, посветен на Сирија

Во објавенаа заедничка декларација стои дека тројцата лидери, Путин, Ердоган и Рухани, ја нагласија приврзаноста кон сувереноста, независноста, единството и територијалниот интегритет на Сирија

1145646
Заедничка декларација од четвртиот троен самит во Сочи меѓу Турција, Русија и Иран, посветен на Сирија
soçi ortak bildiri.jpg
erdoğan putin rohani.jpg

На крајот на четвртиот троен самит посветен на Сирија што се одржа вчера во рускиот град Сочи, на црноморскиот брег, со учество на претседателите на домаќинот Русија, Турција и Иран, Реџеп Тајјип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани, тројцата лидери објавија заедничка декларација.

Во декларацијата се вели: "Лидерите ја истакнаа решителноста за спротивставување на сепаратистичките агенди во Сирија."

Стои дека тројцата лидери ја нагласија приврзаноста кон сувереноста, независноста, единството и територијалниот интегритет на Сирија и се подвлекува дека доколку се стави во примена одлуката на САД за повлекување на своите сили од Сирија тоа ќе биде во услуга на зајакнување на стабилноста и безбедноста на оваа земја.

Лидерите постигнаа согласност по прашањето на фрлање на конкретни чекори за намалување на прекршувањата на прекинот на огнот во областа за намалување на затегнатоста (зоната на деескалација) во Идлиб.

Путин, Ердоган и Рухани ја потврдија одлучноста за продолжување на меѓусебната соработка во борбата против терористичките организации.

Лидерите ја повторија вербата во однос на тоа дека не може да се постигне воено решение за сирискиот спор и дека кризата би можела да се реши само под водство и од страна на Сиријците и по пат на политички процес кој ќе биде усогласен со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).

Освен тоа, трите гаранторски земји, Русија, Турција и Иран, ја повторија решителноста во правец на забрзување на формирањето во најскоро време на Уставотворниот комитет во Сирија.

Тројцата лидери, Путин, Ердоган и Рухани истакнаа дека чувствуваат задоволство од обостраното ослободување на заробените од страна на режимот и опозицијата.

Во објавената заедничка декларацијата на крајот на вчерашниот четврти троен самит Турција-Русија-Иран посветен на Сирија, што се одржа во Сочи, на рускиот црноморски брег, воедно се упатува повик до меѓународната заедница, на чело со Обединетите нации (ОН) и организациите за хуманитарна помош, да ја зголемат помошта за Сирија, а исто така се подвлекува и потребата од воспоставување на неопоходните услови за безбедно и доброволно враќање на бегалците и лицата принудени на раселување во границите на Сирија, во нивните домови и живеалишта во оваа земја.

Тројцата лидери, Путин, Ердоган и Рухани, постигнаа согласност следниот меѓународен состанок посветен на Сирија што ќе се одржи по 12'ти пат во Астана, да се одржи во март, годинава. 

Следниот троен самит пак, е одлучено да се одржи во Турција.



Слични вести