Ердоган: Од Сочи ја доставивме нашата порака до целиот свет по прашањето со Сирија

Претседателот Ердоган истакна дека вчера во рускиот град Сочи, се одржа четвртиот троен самит посветен на Сирија, со учество на Турција, Русија и Иран, од каде му беше дадена порака на целиот свет

1146275
Ердоган: Од Сочи ја доставивме нашата порака до целиот свет по прашањето со Сирија

Претседателот на државата и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган денеска им се обрати на насобраните граѓани на митингот во градпт Бурса.

Претседателот Ердоган истакна дека многу добро се знае колкави големи трошоци ќе создаде сириското прашање во иднина, доколку дојде и до најмало разнишување.

Потсетувајќи дека вчера во рускиот град Сочи, се одржа четвртиот троен самит посветен на Сирија, со учество на Турција, Русија и Иран, Ердоган напомена дека оттаму му беше дадена порака на целиот свет.

„Многу добро знаеме колкави големи трошоци ќе создаде сириското прашање во иднина, доколку дојде и до најмало разнишување. Знаеме дека како во дипломатијата, треба да стоиме цврсто и во економијата. Многу ќе работиме.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести