Турција остро го осуди синоќешниот самоубиствен напад во Иран

„Остро го осудиваме овој гнасен терористички напад. На загинатите им посакуваме милост од Аллах, а на ранетите побрзо оздравување. Го изразуваме нашето искрено сочувство до иранскиот народ и иранската влада.“ - се вели во соопштението на МНР на Турција

1144910
Турција остро го осуди синоќешниот самоубиствен напад во Иран

Турција остро го осуди синоќешниот самоубиствен напад на автобусот во кој се наоѓаа припадници на Иранската револуционерна гарда, во југоисточната провинција Систан-Белуџистан.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека се чувствува длабоко жалење поради извршениот самоубиствен напад на автобусот во кој се наоѓаа припадници на Иранската револуционерна гарда и во кој загинаа и беа ранети голем број војници.

„Остро го осудиваме овој гнасен терористички напад. На загинатите им посакуваме милост од Аллах, а на ранетите побрзо оздравување. Го изразуваме нашето искрено сочувство до иранскиот народ и иранската влада.“ - се вели во соопштението на турското министерство за надворешни работи.

Во реализираниот самоубиствен терористички напад синоќа во провинцијата Систан-Белуџистан во југоисточниот дел на Иран чија цел беше автобус кој превезуваше припадници пограничните сили на Иранската револуционерна гарда загинаа 27 војници, а 13 војници се ранети.



Слични вести