Стапката на склучени бракови во Турција ја помина стапката на ЕУ

Најниска стапка на бракови меѓу земјите членки на ЕУ со 0,0031 беше забележана во Словенија

1145183
Стапката на склучени бракови во Турција ја помина стапката на ЕУ

Стапката на склучени бракови во Турција ја помина стапката на 25 земји членки на ЕУ.

Европската агенција за статистика (Еуростат) ги објави податоците во врска со бројот на склопените бракови на 14 февруари во 2017 кои паѓаат на илјада лица во земјите членки на ЕУ.

Според податоците, просекот на склопени бракови во 28 земи членки на ЕУ изнесува 0,0043.

Највисока стапка на бракови беше забележана во Литванија и изнесува со 0,0075. По Литванија со 0,0073 следува Романија, со 0,0068 Јужен Кипар и Летонија.

Најниска стапка на бракови меѓу земјите членки на ЕУ со 0,0031 беше забележана во Словенија, додека по неа со 0,0032 следува Италија, и Луксембург. По наведените со 0,0033 следува Португалија, со 0,0035 Франција и со 0,0037 Шпанија.

Стапката ан бракови во Германија изнесува 0,005, во Велика Британија 0,0044, во Холандија 0,0038.

Стапката на склопени бракови во 2017 година во Турција изнесува 0,0071, така што со оваа стапка Турција ги помина 25 земји членки на ЕУ.



Слични вести