Сочувство од претседателот Ердоган до Македонија за загинатите во сообраќајната несреќа кај Скопје

Претседателот Ердоган во објавеното соопштение во врска со вчерашната сообраќајна несреќа истакна дека со длабоко жалење ја дочека веста за трагичната сообраќајна во која животот го загубија 14 лица, а 30 лица беа повредени

1145410
Сочувство од претседателот Ердоган до Македонија за загинатите во сообраќајната несреќа кај Скопје

Турција испрати порака со сочувство за загинатите во тешката сообраќајна несреќа до која дојде вчера вечер на автопатот Скопје-Тетово.

Претседателот Ердоган во објавеното соопштение во врска со сообраќајната несреќа истакна дека со длабоко жалење ја дочека веста за трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 14 лица, а 30 лица беа повредени.

Ердоган упати сочувство до семејствата на жртвите и до граѓаните на Северна Македонија, а на повредените им посака брзо оздравување.

 



Слични вести