Претседателот Ердоган замина за Сочи за четвртиот троен самит Турција-Русија-Иран посветен на Сирија
Претседателот Ердоган утрово замина за рускиот град Сочи, на црноморскиот брег, каде што ќе учествува на четвртиот троен самит Турција-Русија-Иран, посветен на Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во 10:05 часот според турско време со специјалниот авион „ЏАН“ отпатува за рускиот град Сочи, на црноморскиот брег, каде што ќе учествува на четвртиот троен состанок меѓу Турција, Русија и Иран, посветен на Сирија.
Ердоган од аеродромот Есенбога во Анкара беше испратен од страна на валијата на Анкара Васип Шахин и други високи функционери.
Во придружба на претседателот Ердоган за Сочи отпатуваа и неговата сопруга Емине Ердоган, министерот з анационална одбрана Хулуси Акар, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахтеррин Алтун и портпаролот во кабинетот на претседателството Ибрахим Калин.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во Сочи, заедно и со домаќинот рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани ќе учествува на четвртиот троен самит посветен на Сирија.
На тројниот самит ќе бидат преразгледани заедничките напори кои што ги води платформата од Астана на теренот и во политичкиот процес за изнаоѓање трајно решение на сирискиот спор.
На средбите што ќе ги оствари претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на самитот со своите двајца колеги Путин и Рухани, освен билатералните односи со Руската Федерација и Иран се превидува да бидат разгледани и регионални прашања.
Слични вести
