Претседателот Ердоган се состана со рускиот претседател Путин во Сочи

Пред тројниот самит Турција-Русија-Иран посветен на Сирија, претседателот Ердоган во Сочи се состана и со домаќинот, рускиот претседател Владимир Путин

Претседателот Ердоган се состана со рускиот претседател Путин во Сочи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во рускиот град Сочи, на црноморскиот брег, каде што учествува на четвртиот троен самит меѓу Турција, Русија и Иран посветен на Сирија.

Пред тројниот самит претседателот Ердоган најпрвин имаше средба со иранскиот претседател Хасан Рухани, а потоа се состана и со домаќинот, рускиот претседател Владимир Путин.

Во оваа пригода Ердоган рече: „Идејата за формирање безбедна зона во Сирија ја поддржуваме и ние, доколку е во услуга на надминување на нашите грижи во однос на нашата национална безбедност. Чувствуваме задоволство од тоа што на оваа идеја има позитивен приод и Русија.“

„Територијалниот интегритет на Сирија не може да се воспостави се додека ПЈД и ЈПГ не бидат исчистени од Менбич и од источниот дел на Еуфрат. Мошне е значајно соработката која што се презентира во контекст на користењето на воздушниот простор над Идлиб да се презентира и во подрачјата на Африн и на операцијата Еуфратски штит.“ - напомена претседателот Ердоган.

Рускиот претседател Владимир Путин пак истакна дека лично е сигуден во тоа оти заедно со Турција ќе му се придаде нов интензитет на дијалогот меѓу страните во Сирија.

„Кон целите во Сирија би можеле да достигнеме со активна и сеопфатна работа и со компромис. Благодарение на работите кои што се водат со Турција постигнавме значаен напредок во Сирија.“ - рече Путин.

По средбата, се премина на четвртиот троен самит меѓу Турција, Русија и Иран, на кој учествуваат претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, домаќинот рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани.

На тројниот самит ќе бидат преразгледани заедничките напори кои што ги води платформата од Астана на теренот и во политичкиот процес за изнаоѓање трајно решение на сирискиот спор.

На средбите што ќе ги оствари претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на самитот со своите двајца колеги Путин и Рухани, освен билатералните односи со Руската Федерација и Иран се превидува да бидат разгледани и регионални прашања.

 



Слични вести