Средба на министерот Хулуси Акар со грчкиот министер за одбрана Апостолакис во Брисел

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Брисел каде што престојува по повод состанокот на НАТО се состана со грчкиот министер за одбрана Евангелос Апостолакис

1144605
Средба на министерот Хулуси Акар со грчкиот министер за одбрана Апостолакис во Брисел

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој ја претставува Турција на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел во овие рамки остварува и билатерални средби.

Министерот Акар се состана со грчкиот министер за одбрана Евангелос Апостолакис.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, се вели дека на средбата на двајцата министри било разговарано за присутните прашања помеѓу двете земји. 

„Беше постигната согласност по прашањето на формирање на технички работни групи помеѓу двете соседни и сојузнички земји и овие групи да работат на присутните теми, вклучувајќи ги и мерките за зголемување на довербата.“ - стои во соопштението на министерството.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар по остварената средба со Апостолакис, имаше средба и со црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ.

Освен тоа Акар се состана и со постојаниот претставник на Турција во НАТО Басат Озтурк, а потоа го посети Претседателството на турското воено претставништво (ТМР).

 

 



Слични вести