Претседателот Ердоган утре ќе отпатува за Сочи за тројниот самит Русија-Турција-Иран

Претседателот Ердоган утре во Сочи ќе учествува на четвртиот троен самит посветен на Сирија, што ќе се одржи со учество и на домаќинот рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани

1144628
Претседателот Ердоган утре ќе отпатува за Сочи за тројниот самит Русија-Турција-Иран

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре ќе замине за градот Сочи, на црноморскиот брег каде што ќе учествува на четвртиот троен самит Русија-Турција-Иран, посветен на Сирија.

Според објавеното соопштение од прец-центарот на кабинетот на претседателството, претседателот Ердоган утре во Сочи ќе учествува на четвртиот троен самит посветен на Сирија, што ќе се одржи со учество и на домаќинот рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани.

На самитот ќе бидат преразгледани заедничките напори кои што ги води платформата од Астана на теренот и во политичкиот процес за изнаоѓање трајно решение на сирискиот спор.

Освен тоа на билатералните средби што ќе ги оствари претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на самитот со своите двајца колеги, освен за билатералните односи со Руската Федерација и Иран се превидува да бидат разгледани и регионални прашања.



Слични вести