Омер Челик: Разговорите меѓу Турција и Русија се значајни за Сирија и борбата против тероризмот

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик во програмата на ТРТ истакна дека разговорите меѓу Турција и Русија се значајни и од аспект на територијалниот интегритет на Сирија и од аспект на борбата против тероризмот

1144717
Омер Челик: Разговорите меѓу Турција и Русија се значајни за Сирија и борбата против тероризмот

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик беше гостин во проргамата на ТРТ (Турската радио и телевизија) каде што направи проценка на актуелниот дневен ред.

Осврнувајќи се на тројниот самит во Сочи посветен на Сирија што ќе се одржи утре со учество на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани, Омер Челик рече: „Самитот е значаен од аспект на територијалниот интегритет на Сирија, појавата на уставниот процес и најзначајно борбата против тероризмот.“ 

На прашањето „Дали Турција и Русија ќе реализираат заедничка операција во Идлиб?“, Челик одговори: „Би можеле да го кажеме тоа дека постои заедничка волја во однос на можноста од злоупотреба на овие области на деескалација од страна на терористичките организации.“

Тој се осврна и на прашањето на исчистување на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК од подрачјето на Менбич во врска со што рече: „Со оружјето кое што е дадено од страна на нашите сојузници во северниот дел на Сирија е формирана безбедна зона за терористите и тоа претставува закана за безбедноста на една земја сојузничка на НАТО, Турција.“

Покажувајќи реакција против САД кои им даваат поддршка на терористите во подрачјето, Омер Челик рече: "Доколку не ги извадат од подрачјето во рок од неколку недели, Турција нема да се воздржи да фрли чекор во врска со сопствената безбедност."

Тој се осврна и на изјавите кои што пристигнуваат од НАТО и САД во врска со противвоздушно одбранбените системи С-400 кои ќе бидат купени од Русија.

"Мошне јасно е познато дека тие веќе немаат воена и политичка доверливост. Сакаат Турција да ја доведат во позиција на потрошувачите по прашањето на одбраната индустрија. Произведуваат црна пропаганда. Немаат право и надлежност да и велат на Турција што да прави, а што да не прави." - Омер Челик.

Правејќи проценка на конференцијата во полскиот главен град Варшава под водство на Европската унија (ЕУ) и Полска на која ќе се дискутира за мирот и безбедноста на Блискиот исток, Челик го изнесе ставот дека овој самит против Иран ќе ја покачи тензијата во регионот и рече: "Она што е правилно е да се разговара со Иран."

 



Слични вести