Акар: Продолжуваат контактите со Русија за стабилноста и мирот во регионот

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар говореше на отворањето на состанокот помеѓу делегациите на двете земји при што истакна дека продолжуваат контактите со Русија за стабилноста и мирот во регионот

1143045
Акар: Продолжуваат контактите со Русија за стабилноста и мирот во регионот

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со својот руски колега министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој допатува во посета на Анкара на негова покана.

Акар и Шојгу по приредената церемонија на дочек во Министерството за национална одбрана, претседаваа со разговорите меѓу делегациите на двете земји.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар говореше на отворањето на состанокот при што истакна дека продолжуваат контактите со Русија за стабилноста и мирот во регионот.

„Имаме различни контакти на секое ниво со Русија и за воспоставување и продолжување на мирот и стабилноста и воспоставување на прекинот на огнот во регионот, и за одбрана и заштита на правата и интересите на нашите земји.“ - рече Акар.

Појаснувајќи дека гостинската делегација предводена од рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу допатува во Анкара како продолжение на претходно одржаниот меѓуделегациски состанок во Москва, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „И средбите кои што ќе ги оствариме денеска во извесна смисла ќе бидат припремна работа и на средбата што ќе се одржи меѓу претседателите на 14 февруари во Сочи. Верувам дека овие работи кои што ги реализираме се мошне драгоцени. Оценувам дека ќе обезбедат значаен придонес за мирот и стабиолноста на регионот. Вон тоа верувам дека навистина ќе придонесат и за светскиот мир.“  

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу пак изрази уверување дека би можело да се разговара за значајни прашања особено во контекст на Сирија.

Велејќи „Верувам дека овде ќе ги комплетираме припремните работи на прашањата за кои што ќе разговараат нашите претседатели во Сочи“, Шојгу рече: „Нашите експерти од 31 јануари до 2 февруари сработија сериозна работа во Москва и почнаа да постигнуваат компромис во однос на клучни прашања. Особено работеа на прашања во врска со Идлиб и источно од Еуфрат. Во рамките на она што ќе го сработиме денеска овде, во главни црти се надевам дека ќе постигнеме компромис за некои прашања."

На средбата која што по уводните излагања беше затворена за медиумите присуствуваше и претседателот на Националната разузнавачка служба (МИТ).



Слични вести