Ердоган: Културниот центар Ататурк (АКМ) во Истанбул ќе стане споменик на победата

Претседателот Ердоган на церемонијата на поставување на камен темелникот на Културниот центар Ататурк (АКМ) во Истанбул истакна дека ова дело ќе стане споменик на победата

1142308
Ердоган: Културниот центар Ататурк (АКМ) во Истанбул ќе стане споменик на победата
erdogan akm temel atma1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата на поставување на камен-темелникот на Културниот центар Ататурк на плоштадот Таксим во Истанбул истакна дека денеска се фрла значаен чекор со кој што ќе се отвори нова епоха во уметничкиот и културниот живот на Турција.

Тој рече дека Културниот центар Ататурк (АКМ) во Истанбул ќе стане споменик на победата

Велејќи дека Културниот центар Ататурк ќе располага со покриен простор со површина од 95.600 квадратни метри и ќе се состои од 5 блока, Ердоган рече: „Изградбата на Културниот центар Ататурк во Истанбул ќе ја завршиме во кусо време од 2 години и ќе го ставиме во улуга на нашите уметници и љубителите на уметноста.“

Ердоган напомена дека Културниот центар Ататурк (АКМ) во Истанбул ќе стане споменик на победата кој што ќе биде поставен против јакобинскиот менталитет (малцински елитисти кои се противат на народот) кој е во кавга со вредностите и верувањето на народот и со историјата и културата на нашиот човек.

„Зградата чиј камен-темелник се поставува не е само културен центар. Ова дело истовремено ќе биде најдобриот даден одговор против непријателите на татковината и народот кои во последните 5 години посегнуваат по народната волја.“  - рече Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја соопшти и радосната вест дека во касарната „Рами“ ќе биде изградена најголемата библиотека на Истанбул и дека од книгите, списанијата и весниците веќе нема да се зема Данок на додатна вредност (ДДВ).

 



Слични вести