Спуштена во морето корветата Уфук, првиот брод на Турција изграден со национални способности

Претседателот Ердоган на свеченото спуштање во морето на корветата Уфук, првиот брод на Турција кој што е произведен со национални можности и способности рече: „Турција е дојдена во положба на земја која го прочу своето име во бродоградската индустрија“

1141855
Спуштена во морето корветата Уфук, првиот брод на Турција изграден со национални способности

Свечено беше спуштена во морето корветата Уфук, првиот брод на Турција кој што е произведен со национални можности и способности.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата на свеченото спуштање во морето на бродот за тестирање и обука (А-591) во бродоградилиштето во Тузла во Истанбул истакна дека турската бродоградска индустрија во послендите 16 години повторно постигна подем и рече: „Турција е дојдена во положба на земја која го прочу своето име во бродоградската индустрија.“

Тој рече дека во последните 3 години се постигнати големи успеси против сите терористички организации на чело со ДЕАШ и ПКК, кои посегнуваат по животот на граѓаните и се обидуваат да ја поделат и распарчат земјата.

Велејќи дека оние кои им доставуваат поддршка во оружје на најкрволочните терористите во светот, кога е во прашање Турција создаваат неверојатни препреки, Ердоган напомена дека од ДЕАШ до ПКК, од Ал Каеда до Еш Шебаб во сите терористички организации кои ја пролеваат крвта на муслиманите се наоѓа оружје по потекло од западните земји. 

Претседателот Ердоган појасни дека во рацете на убијците на ПЈД, ЈПГ кои спроведуваат етничко чистење во северниот дел на Сирија се наоѓаат ракети, бомби и муниција на сојузниците на Турција и рече: „Пред една ваква слика не е можно Турција да седи со скрстени раце и да ја препушти својата национална безбедност на други земји. И ние како држава земајќи поука и од оваа слика пред нас и од случувањата во нашиот регион и од нашата историја, се обидуваме да ја зајакнеме нашата одбранбена индустрија.“

Корветата Уфук со вкупна моќност од приближно 8600 киловати може да достигне до максимална брзина од 18 кноти и располага со платформа за хеликоптер од 10 тони.

Може да утврди закани пловејќи непрестано во текот на 45 дена под тешки климатски услови.

Електронските системи и системите за тестирање и обука ќе се обезбедуваат од страна на турската компанија АСЕЛСАН.



Слични вести