Реакција од Турција против Кина поради лошите применувања врз Турците Ујгури

Портпаролот на МНР на Турција Хами Аксој објави писмено соопштение во однос на на тешките прекршувања на човековите права против Турците Ујгури во Кина

1142007
Реакција од Турција против Кина поради лошите применувања врз Турците Ујгури

Турција ја повика Народна Република Кина да ги земе во предвид нејзината реакција во однос на тешките прекршувања на човековите права од страна на оваа земја.

Портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој објави писмено соопштение по прашањето на тешките прекршувања на човековите права против Турците Ујгури во Кина.

Во соопштението се вели следното: "Применувањата со кои што се прекршуваат фундаменталните човекови права на Турците Ујгури и другите муслимански заедници во Автономната ујгурска област, особено во последните две години се уште потешки и се поставени на дневниот ред на меѓународната заедница."

Се нагласува дека веќе не е тајна тоа што повеќе од еден милион Турци Ујгури кои се соочуваат со самоволни апсења се подложени на измачувања и политичко перење на мозокот во камповите за собирање и затворите, а исто така се истакнува дека под голем притисок се наоѓаат и Ујгурите кои се задржани во кампови за собирање.

"Нашите сонародници и граѓани кои живеат во странство (надвор од Кина) не можат да добијат информации од нивните роднини во таа област. Илјадници деца се оддалечени од своите родители и останале сираци. Повторната појава на камповите за собирање и политиката на систематска асимилација на кинеските власти против Турците Ујгури, претставува голем извор на срам во име на човештвото, во 21'от век. Нашите погледи во врска со трагедијата што се доживува во областа Синџан (Синкјанг) ги доставивме на секое ниво." - стои во соопштението.

Во продолжението на соопштението на МНР на Турција се додава и следното: "Во една ваква средина, со длабоко жалење ја примивме веста за смртта во втората година во затвор на ценетиот народен поет, трубадур, Абдуррехим Хејит кој поради една негова песна беше осуден на 8 години затвор. Овој жалосен случај  уште повеќе ја зацврсти реакцијата кај турската јавност во однос на тешките прекршувања на човековите права во областа Синџан (Синкјанг). Очекуваме оваа наша праведна реаку да се земе во предвид од страна на кинеските власти. Ги повикуваме меѓународната заедница, Обединетите нации (ОН) и нивниот Генерален секретар да фрлат ефикасни чекори за ставање крај на човечката трагедија во областа Синџан (Синкјанг)."

 



Слични вести