Чавушоглу: ОН треба да формираат комисија или да започнат истрага за убиството на Кашикчи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека за расветлување на убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) Обединетите нации (ОН) треба да формираат комисија или да започнат истрага

1141806
Чавушоглу: ОН треба да формираат комисија или да започнат истрага за убиството на Кашикчи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави за новинарите за време на неговата посета на Анталија дека специјалната известувачка на ОН за вонсудски убиства Агнес Каламард допатува во Турција за собирање на прелиминарни информации и податоци во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашички (Џамал Кашоги) и дека заедно со неја беше и 5-6 члена експертска екипа.

Чавушоглу рече дека наодите на специјалната известувачка на ОН се поклопуваат со  наодите на Турција.

Појаснувајќи дека со специјалната известувачка Каламард најпрвин се состанал тој, а потоа била остварена средба со министерот за правда и со Националната разузнавачка служба (МИТ), Чавушоглу рече: „Во Истанбул се состанаа со нашиот Републички главен јавен обвинител, ги добија деталните информации од неопходните органи.  Ги споделивме и информациите и доказите кои што ги обезбедиме овој процесот на истрагата. Оваа делегација беше дојдена за собирање на првични знаења, а не за официјална истрага. За расветлување  на случајот ОН треба да формираат комисија или да започнат истрага.“

Мевлут Чавушоглу напомена дека во наредните денови заедно со некои други земји ќе се поднесе барање за тоа и продолжи со следните зборови: „Бидејќи има прашања на кои што досега не е даден одговор досега. И Саудиска Арабија призна дека Џемал Кашички најпрвин е убиен во Генералниот конзулат во Истанбул и дека потоа неговото тело е исечено на парчиња, меѓутоа сè уште не знаеме каде е неговото тело, каде се парчињата од трупот. Од друга страна, се уште од Саудиска Арабија не сме добиле јасен одговор за тоа кој стои зад ова убиство, кој ја издал наредбата.“

Тој укажа на тоа дека Турција информациите и доказите со кои располага, како со целата меѓународна заедница ги сподели и со Саудиска Арабија.

„Наспроти тоа засега од Саудиска Арабија не можеа да се добијат информации во врска со овие прашање или во врска со истрагата која што се спроведува таму. Под свтелината на сиве овие факти, ќе биде најпогодно да преземат иницијатива ОН. Особено наодите на известувачката се поклопуваат со нашите наоди со кои што се стекнавме досега. Важно е и тоа.“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушголу.

Инаку, саудискиот новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги“, беше жртва на ѕверско убиство на 2 октомври 2018 година во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, каде што отиде за да земе документ за венчавање.

 



Слични вести