Специјалната известувачка на ОН: Убиството на Кашикчи е извршено од страна на саудиските функционери

Во извештајот на специјалната известувачка на ОН за убиства без судење Каламард се вели: „Кашикчи е убиен на брутален начин со предумисла. Доказите покажуваат дека убиството на Кашикчи е извршено од страна на саудиските функционери“

1141018
Специјалната известувачка на ОН: Убиството на Кашикчи е извршено од страна на саудиските функционери

Обединетите нации (ОН) соопштија дека ефикасната, сеопфатна, независна и транспарентна истрага на Турција во врска со убиството на саудискиот новинар и колумнист на американскиот весник „Вашингтон пос“ сериозна се поткопува од страна на Саудиска Арабија.

Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за егзекутирање без било какво судење Агнес Каламард, по нејзините истражувања кои што ги реализира минатата недела во Турција во врска со убиството на новинарот Кашикчи (Кашоги), го подготви и својот извештај.

Во извештајот на Каламард се вели: „Кашикчи е убиен на брутален начин со претходно планирање, со предумисла. Доказите покажуваат дека убиството на Кашикчи е извршено од страна на саудиските функционери.“

„Ефикасната, сеопфатна, независна и транспарентна истрага на Турција е сериозно поткопана од страна на Саудиска Арабија.“ - стои во извештајот.

Велејќи дека преслушала дел од громозната и ужасна аудио снимката на убиството, специјалната известувачка на ОН рече: „Убиството на Кашикчи претставува кршење на меѓународното право и меѓународните односи.“ 

Таа воедно упати повик и до оние кои располагаат со знаење и информации во врска со убиството да ги споделат истите, а исто така и се заблагодари на Турција за поддршката на нејзината посета за истражување на случајот. 

Инаку, саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе документ за венчавка каде што беше убиен на ѕверски начин.

Саудиските функционери се уште не соопштија каде се наоѓа трупот на Кашикчи.



Слични вести