Фахреттин Алтун за Ројтерс: Турција ќе продолжи да бара правда за убиството на новинарот Кашикчи

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Ердоган, Фахреттин Алтун, во дадената изјава за британската новинска агенција „Ројтерс“ истакна дека Турција ќе продолжи да бара правда за ова убиство

1141219
Фахреттин Алтун за Ројтерс: Турција ќе продолжи да бара правда за убиството на новинарот Кашикчи

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Фахреттин Алтун, во дадената изјава за британската новинска агенција „Ројтерс“ во врска со истрагата која што се води од страна на Обединетите нации (ОН) за убиството на саудискиот новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) истакна дека Турција ќе продолжи да бара правда за ова убиство.

„Саудиските органи, како доказ на нивната желба за задоволување на правдата треба да ги предадат на Турција убијците на Кашикчи, како земја каде што го извршија убиство со претходно планирање, со предумисла. Целиот свет го следи одблизу овој процес. Турција ја бара правдата и вистината, како и сите други земји кои веруваат во демократијата и слободата.“

Алтун го изрази задоволството од посетата на специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за егзекутирање без било какво судење Агнес Каламард на Турција, и ѝ честита за одлучноста што ја покажува по прашањето на расветлување на убиството на новинарот Кашикчи (Кашоги).

Фахреттин Алтун укажа на тоа дека доказите со кои што се стекна Турција се поклопуваат со мислењата што ги сподели Каламард со претставниците на печатот.

Нагласувајќи дека Турција ќе ја даде секој вид поддршка за специјалната истрага на ОН, Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Фахреттин Алтун, рече: „Вистините всушност во врска со овој случај се отворени и јасни: Џемал Кашикчи е убиен на ладнокрвен начин од страна на група саудиски функционери внатре во Генералниот конзулат на таа земја во Истанбул. Убијците веднаш го распарчија мртвото тело на убиениот, со специјални алати. Дублерот ја облече неговата облеката и излезе од зградата. Ова претставува однапред планирано варварски извршено убиство кое што претставува ѝ злосторство против човештвото ѝ предавство против идеалите на слободниот свет и меѓународниот поредок. Саудиските функционери во текот на четири месеци колку што поминаа, не се однесуваа објективно со воспоставените контакти, како со нивните турски соговорници, така и со меѓународната заедница.“

Алтун се осврна на тоа дека во текот на времето колку што помина неоснованите порекнувања и негирања на ова убиство, го оставија своето место на несклони и непосакувани исповеди во врска со што рече: „Меѓутоа се уште не се расветлени прашања како што се каде е трупот на Кашикчи, од чија страна е нарачано убиството и дали постои локален соучесник кој го уништил трупот (мртвото тело). На ист начин, е неизвесно и тоа дали саудискиот јавен обвинител ги обвини и ги теретеше осомничените за убиството за нешто или пак ги пушти, дали убијците се уапсени и ставени во затвор или дали се изнесени пред суд. Тоа што процесот се води на целосно нетранспарентен начин создава сериозна загриженост и им наштетува на угледот на саудиските функционери.“

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Ердоган, Фахреттин Алтун, во изјавата за британската новинска агенција „Ројтерс“ појасни дека Турција ќе продолжи да бара правда за Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) и рече: „Неказнувањето на виновните ја зголемува болката на семејството и саканите на жртвата. Саудиските органи, како доказ на нивната желба за задоволување на правдата треба да ги предадат на Турција убијците на Кашикчи, како земја каде што го извршија убиство со претходно планирање, со предумисла. Целиот свет го следи одблизу овој процес. Турција ја бара правдата и вистината, како и сите други земји кои веруваат во демократијата и слободата.“

 



Слични вести