Турција ја поздрави одлуката на Русија за укинување на визите за одредена група турски граѓани

Портпаролот на МНР на Турција Хами Аксој истакна дека е дочекано со задоволство укинувањето на визите за Русија за турските граѓани кои располагаат со сив службен пасош за работно патување и за турските возачи на шлепери

1140593
Турција ја поздрави одлуката на Русија за укинување на визите за одредена група турски граѓани

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој одговараше на едно оставено прашање во врска со претседателскиот декрет што го потпиша вчера рускиот претседател Владимир Путин посветен на визите.

Аксој истакна дека се дочекува со задоволство укинувањето на визите за Русија за турските граѓани кои располагаат со сив службен пасош за работно патување и за турските возачи на шлепери.

„Согласно постигнатата согласност на 1 ноември 2018 година во кунзуларните работи помеѓу Турција и Руската Федерација, ја дочекуваме со задоволство одлуката за укинување на визите кои што се применуваат за граѓаните кои располагаат со службени пасоши за работно патување и возачите кои вршат меѓународен транспорт.“ - рече Аксој.

Велејќи дека продолжуваат разговорите со министерството за надворешни работи на Руската Федерација за започнување во најскоро време на применувањето, портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој рече: „Очекуваме применување со сите негови процедури на Договорот за безвизен режим потпишан помеѓу двете земји во 2010 година и воведување во најскоро време на безвизниот режим за нашите граѓани сопственици на службен пасош за работно патување и возачите на шлепери.“

Инаку, согласно потпишаниот дектрет вчера од страна на рускиот претседател Владимир Путин, беа укинати ограничувањата кои што беа применувани кон одредена категорија турски граѓани за кои во 2015 година почна да се применува визен режим.



Слични вести