Реакција од портпаролот на МНР Хами Аксој на последната изјава на францускиот претседател Макрон

Реакција на последната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека 24 април ќе го прогласи за Ден на сеќавање на таканаречниот геноцид над Ерменците, пристигна и од портпаролот на МНР на Турција Хами Аксој

1140514
Реакција од портпаролот на МНР Хами Аксој на последната изјава на францускиот претседател Макрон

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој ја критикуваше изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон кој вчера истакна дека 24 април ќе го прогласи за Ден на сеќавање на таканаречниот геноцид над Ерменците.

„Франција ние ја познаваме како земја која за време на нашата народноосблободителна борба искористувајќи ги и Ерменците вршеше зулуми, и како земја која е одговорна за масакрите во Алжир и извршениот геноцид во Руанда; затоа нема никаква лекција што би ја добиле ние од нејзините политичари кои се арогантни и не располагаат ниту со основни историски знаења.“ - рече Аксој.

Аксој во одговорот на едно поставено прашање истакна дека тогаш кога настаните од 1915 година станаа легитимна тема за дискусија со нивните правни, историски и академски димензии им беше објаснувано низа пати на француските функционери на чело со францускиот претседател, но дека се подразбира дека и покрај сето тоа францускиот претседател Макрон не земајќи ги во предвид одлуките на Уставниот суд на Франција и Европскиот суд за човекови права како и историските факти, надевајќи се на добивање на гласовите на ерменските бирачи се обидуваат да ги исполнат ветувањата кои што им ги дале.

„Жалосно е тоа што што еден неук и неупатен политичар во врска со османлиската историја, не го почитува правото на Франција и на Европа и по цена на индивидуални политички интереси презема едностран став во однос на едно историско прашање кое што е од крајно голема чувствителност за Турците.“ - рече Аксој.

Привлекувајќи внимание дека постои потреба од објективен приод за да се разбере со сите нивни страни периодот на уривање на Османлиската Империја кога од страна на ерменските бунтовници беа измасакрирани повеќе од 500 илјади муслимани, портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој нагласи дека се уште важи предлогот на Турција за формирање на Заедничка историска комисија, а како земја која му придава големо значење на расветлувањето на овој болен период од историјата.



Слични вести