Претседателот Ердоган: Турција никогаш немала проблеми со Курдите

Претседателот Ердоган истакна дека Турција никогаш немала проблеми со Курдите и рече: „Истоветувањето на терористичката организација ПКК/ЈПГ со локалниот народ претставува најголема навреда против нашите курдски браќа“

1140969
Претседателот Ердоган: Турција никогаш немала проблеми со Курдите

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на програмата на приемот на членовите на Трговската комора на САД и Турско-американскиот совет.

Ердоган истакна дека Турција никогаш немала проблеми со Курдите и рече: „Истоветувањето на терористичката организација ПКК/ЈПГ со локалниот народ претставува најголема навреда против нашите курдски браќа.“

Велејќи дека турско-американските однос успешно ги пребродија сите тешкотии, предизвици, тестови на отпор, претседателот Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Помеѓу Турција и САД постои моќна, сеопфатна и стратешка сојузничка врска која се потпира на заеднички интереси. И покрај тоа што во нашите односи повремено доживуваме удолнини и угорнини кои што се потпираат на разлики разидувања во размислувањето нашето партнерство надминало безброј тешкотии.“

Тој нагласи дека Турција е подготвена да ја преземе одговорноста во борбата против тероризмот во местата во Сирија од кои ќе се повлечат американските сили и велејќи „Ние рековме дека ќе ја елиминираме терористичката организација ДЕАШ, меѓутоа оваа работа беше водена со ПЈД/ПКК“ предупреди дека цехот за тоа ќе се појави после долги години.

Претседателот Ердоган напомена дека Турција е одлучна во борбата против сите терористички организации коии претставуваат закана за неја, нејзиниот регион и светот.

„Одредени средини остатоци од поранешната (американска) управа кои се обидуваат терористичката организација ДЕАШ да ја заменат со една друга крвава терористичка организација, уште од почетокот вршат црна пропаганда во врска со нашата земја. Истоветувањето на терористичката организација ПКК/ПЈД со локалниот народ претставува најголема навреда против нашите курдски браќа. Моментално нашите курдски браќа кои бегаат од нападите на ДЕАШ и од зулумот на ПКК/ПЈД само и исклучиво се засолнуваат во Турција.“ - рече Ердоган

Критикувајќи го и тоа што САД и доставува помош во оружје на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД, Ердоган рече: „Меѓутоа нив Америка во моментов се уште не може да ги прифати  како терористичка организација. Нашиот проблем е во тоа.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно упати повик, доколку се мисли да се покаже хуман приод во Сирија во безбедните зони да бидат изградени населби од контејнери, за бегалците.



Слични вести