Омер Челик: Макрон треба да претпочита најпрвин да се соочи со историјата на сопствената земја

Портпаролот на владејачката АК Партија Омер Челик рече: „Ја осудуваме одлуката на Макрон која ги зема за основа неоснованите тврдења во врска со настаните од 1915 година кои што се случиле за време на Османлиската држава

1140239
Омер Челик: Макрон треба да претпочита најпрвин да се соочи со историјата на сопствената земја

На изјавата на францускиот претседател  Емануел Макрон кој рече дека 24 април ќе биде прогласен во земјата за Ден на сеќавање на таканаречениот геноцид над Ерменците, реакција пристигна и од портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик.

Омер Челик рече: „Ја осудуваме одлуката на Макрон која ги зема за основа неоснованите тврдења во врска со настаните од 1915 година кои што се случиле за време на Османлиската држава.

Велејќи „Овој чекор фрлен од страна на Макрон во име на задоволување на лоби средините со политички интерес, е во својство на препрека пред дијалогот“, Челик рече: „Франција која претендира за соочување со историјата, најпрвин треба самата да се соочи со нејзините извршени злосторства против човештвото во Бенин, Буркина Фасо, Габон, Гвинеја, Камерун, Мавританија, Нигер, Сенегал, Тунис и Чад.“ 

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик воедно додаде дека францускиот претседател Емануел Макрон доколку сака соочувањето со историјата да го доведе во својство на политичко прашање, треба да претпочита да се соочи со историјата на сопствената земја.



Слични вести