Состанок на турско-американската работна група во Вашингтон

Вчера во Вашингтон се одржа последниот состанок на Турско-американската работна група

1139986
Состанок на турско-американската работна група во Вашингтон

Заменик министерот за надворешни работи Седат Онал и потсекретарот за политички прашања во американскиот државен секретаријат Дејвид Хејл денеска се состанаа во Вашингтон, со цел развивање на билатералните и регионалните односи.

Американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) објави писмено соопштение во врска со остварената средба меѓу страните во рамките на последниот состанок на Турско-американската работна група.

Во соопштението стои дека страните го нагласиле значењето на взаемните стратешки односи и постигнале согласност и по прашањето на изнесување на своите заеднички грижи, согласно сојузништвото.

Се истакнува дека по средбата лице во лице помеѓу Онал и Хејл бил одржан и состанок помеѓу делегациите во рамките на работната група помеѓу двете земји.

Во соопштението се нагласува дека делегациите разговарале за  Сирија, борбата против тероризмот, одбраната, дипломатијата и правни прашања, по што се вели следното: "И двете страни ја покажаа одлучноста за продолжување  на заедничкото работење за да би можело да се постигне напредок во наведените прашања."

Инаку вчерашниот состанок на Турско-американската работна група претходно беше планирано да се одржи на 8 јануари во Вашингтон, меѓутоа во меѓувреме поради посетата на советник за Национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон на Анкара, беше одложен за 5 февруари.

По посетата на поранешниот американски државен секретар Рекс Тилерсон во месец февруари минатата година на Анкара, со цел да се придонесе кон нормализирањето во билатералните односи, беа формирани три работни групи по прашањата на Сирија, конзуларните работи и борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во тие рамки високите делегации  на двете земји продолжуваат да се состануваат за трите заеднички работни групи кои за прв пат се состанаа на 8 март во Вашингтон и кои работат на прашања посветени на присуството на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), конзуларните работи и заедничката борба против терористичката организација ПКК.

Дијалогот помеѓу Турција и САД продолжува во однос на прашања како што се процесот на повлекување на силите на САД од Сирија, присуството на терористичките организации во Сирија, продажбата на ракетните системи Патриот и истрагата на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во врска со  Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).



Слични вести