Русија гу укина визите за одредена категорија турски граѓани

Официјална Москва нема да применува визен режим, т.ј. нема да се бара виза од турските граѓани кои располагаат со сив службен пасош за работно патување и зелен пасош и од возачите на шлепери со транзитен премин

1140179
Русија гу укина визите за одредена категорија турски граѓани

Русија ги укина визите за одредена категорија турски граѓани.

Официјална Москва нема да применува визен режим, т.ј. нема да се бара виза од турските граѓани кои располагаат со сив службен пасош за работно патување и зелен пасош и од возачите на шлепери со транзитен премин.

Декретот по ова прашање беше потпишан од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

Согласно декретот, освен сопствениците на сив пасош за работно патување во земјата ќе можат да патуваат без виза и сопствениците на зелен пасош.

Во Русија ќе можат да патуваат без виза и турските бизнисмени кои работат во оваа земја, како и возачите на шлепери со транзитен премин.

Во соопштението кое што беше објавено по прашањето и од страна на руската влада се привлекува внимание дека претседателот Путин го потпиша овој декрет во согласност со принципот на реципроцитет со Турција од чија страна беа фрлени слични чекори во однос на руските граѓани.

Инаку, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на остварената средба во август минатата година се договорија по прашањето на формирање на заеднички консултационен механизам за олеснувањата кои што ќе бидат воведени во визниот режим за одредена категорија турски граѓани.



Слични вести