Калин ја осуди изјавата на Макрон за прогласување на 24 април за „Ден на сеќавање на т.н. геноцид“

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин рече: „Остро ја осудуваме изјавата на Макрон со која 24 април го прогласи за Ден на сеќавање на т.н. геноцид над Ерменците. Тоа нема никакво значење од аспект на Турција.“

1139926
Калин ја осуди изјавата на Макрон за прогласување на 24 април за „Ден на сеќавање на т.н. геноцид“

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ердоган, ја осуди изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон со која 24 април го прогласи за Ден на сеќавање на таканаречениот геноцид над Ерменците.

Калин во дадената изјава во врска со прашањето рече: „Остро ја осудуваме изјавата на Макрон со која 24 април го прогласи за Ден на сеќавање на т.н. геноцид над Ерменците. Тоа нема никакво значење од аспект на Турција.“

Нагласувајќи дека тврдењата за наводен геноцид над Ерменците немаат никаква правна основа, се косат со историските вистини и претставуваат политичка лага, Ибрахим Калин рече: „Оние кои бегаат од повикот на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган кој во 2005 година повика да се формира Заедничка историска комисија за расветлување на историските вистини, се обидуваат да ги манипулираат историските настани.“

Тој продолжи со зборовите: „Никако нема да им дадеме можност на оние кои со искривоколчување на нашето минато се обидуваат да извлечат омраза, гнев и непријателство од историјата. Никој не може да ја обвинува Турција поради нешто кое што не го сторила и не може да нанесе црна дамка на нашата историја. Го осудуваме и негираме тоа што господинот Макрон кој се соочува со политички проблеми во неговата земја, ги доведува историските настани во својство на политички материјал, и со тоа се обидува да го спаси денот.“ 

„Да се доведат болките во средство на натпреварување и политички материјал претставува политичко и морално кривично дело. Турција ќе продолжи да ги поддржува сите видови добронамерни напори за расветлување на доживеаните настани за време на Првата светска војна, со приод на заедничка болка и праведна меморија.

Инаку, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека 24 април, кога се одблежеува годишнината од настаните од 1915 година, го прогласува за Ден на сеќавање на таканаречениот геноцид над Ерменците.



Слични вести