Ердоган: Верувам дека би можеле да изнајдеме мировно решение за сите прашања со Грција

Претседателот Ердоган на одржаната заедничка прес-конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас рече: „Верувам дека, ние како Турција би можеле да изнајдеме мировно решение за сите прашања со Грција, на основа на праведноста“

1139455
Ердоган: Верувам дека би можеле да изнајдеме мировно решение за сите прашања со Грција
Tsipras ..jpg h.jpg
Tsipras.jpg
Tsipras ..jpg
Erdoğan.jpg
Erdoğan.jpg

Грчкиот премиер Алексис Ципрас кој на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган допатува во посета на Турција во рамките на своите средби и разговори во Анкара вчера во вечерните часови најпрвин се состана со потпретседателот Фуат Октај.

Октај го дочека Ципрас на влезот на претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, по што следуваше состанок кој траеше приближно 45 минути.

На состанокот кој беше затворен за медиумите, присуствуваа и амбасадорот на Турција во Атина Бурак Озугергин и амбасадорот на Грција во Анкара Петрос Мавроидис.

Потоа грчкиот премиер беше примен кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

По средбата лице в лице Ципрас и Ердоган одржаа заедничка прес-конференција.

Во оваа пригода претседателот Ердоган рече: „Верувам дека, ние како Турција би можеле да изнајдеме мировно решение за сите прашања со Грција, на основа на праведноста“ и подвлече дека се очекува од Грција да не биде безбедна земја во која се засолнуваат припадниците на терористичките организации ФЕТО, ПКК и ДХКП-Џ.

„Од Грција очекуваме да не биде земја која е безбедно засолниште за припадниците на терористичките организации како што се ФЕТО, ПКК, ДХКП-Џ“, - рече Ердоган.

Претседателот Ердоган истакна дека на средбата со грчкиот премиер Ципрас и неговата делегација уште еднаш беа доставени на вниманието на грчката страна очекувањата во правец на предавањето на Турција на војниците пучисти припадници на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО (кои по обидот за државен удар на 15 јули 2016 година пребегаа во Грција).

Тој се осврна и на прашањето на безвизниот режим т.ј. визната либерализација за турските граѓани во врска со што напоменувајќи дека Брисел не ги исполнил своите обврски кои произлегуваат од Меморандумот за разбирање рече: „Европската унија не ги исполни своите обврски кои произлегуваат од Меморандумот за разбирање од 18 март, посебно во врска со либерализацијата на визниот режим. Онака како што ние ги исполнуваме своите ветувања, така очекуваме и од Европската унија да го испочитува договорот", рече Ердоган.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган истакна дека на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас било разговарано за бројни важни прашања вклучувајќи и воспоставување на брза железница помеѓу Истанбул и Солун.

„Разговаравме за проекти како што се покренување на поморски сообраќај кој ќе овозможи превоз на патници и товар помеѓу Измир и Солун. Разговаравме и за воспоставување на брза железница помеѓу Истанбул и Солун, како и за завршување на другиот мост на граничниот премин Ипсала-Кипи." рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган Ердоган.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на заедничката прес-конференција истакна дека немаат намера со Турција да бидат заробеници на проблемите во регионот и дека се обидуваат да изнајдат решение за проблемите преку дијалог.

Ципрас напомена дека дијалогот на неговата земја со Турција е искрен и посебен, и дека успеале да воспостават позитивна агенда во турско-грчките односи.

Грчкиот премиер истакна дека ниту тој самиот, ниту пак Ердоган не вршат фатализам.

„Немаме намера да бидеме заробеници на проблемите во регионот. Се обидуваме да изнајдеме решение за проблемите, преку дијалог“, додаде тој.

Алексис Ципрас потсети дека на средбата била донесена одлука за да се продолжи со преземање чекори на напред и рече: „Меѓусебно видовме дека се согласуваме во правец на намалување на тензиите во Егејското Море и преземење чекори кои ја зголемуваат довербата.“

Тој нагласи дека на средбите било разговарано и за прашања од сферата на безбедноста.

„Со Турција се согласивме да ја зајакнеме соработката во сферата на безбедноста. Исклучително сум задоволен што е отворен каналот за комуникација со претседателот Ердоган. На тој начин можеме да фрлиме поконструктивни чекори.“ додаде грчкиот премиер Алексис Ципрас.

 



Слични вести