Ердоган: Турција ќе влезе меѓу земјите на кои се укажува во високото образование

Претседателот Ердоган на свеченото отворање на Техноградот ОДТУ (ODTÜ Teknokent) во Анкара истакна дека Турција ќе влезе меѓу земјите на кои се укажува во високото образование

1140112
Ердоган: Турција ќе влезе меѓу земјите на кои се укажува во високото образование

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во Културниот и конгресен центар на Блискоисточниот технички универзитет (ОДТУ) во Анкара учествуваше на свеченото отворање на Техноградот ОДТУ (ODTÜ Teknokent).

Во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе влезе меѓу земјите на кои се укажува во високото образование.

„Онака како што не може да се биде независен без да се владее со териториите на земјата, така не може да се одржи и независноста без да се владее со технологијата“, рече Ердоган.

Нагласувајќи дека за да може да се влезе меѓу водечките земји во глобалната конкуренција треба да се искористат ефикасно и универзитетите, Ердоган рече: „Соработката меѓу универзитетите и индустријата треба да ја издигнеме на уште повисоко ниво. Во оваа точка ја оценувам за многу успешна Народна Република Кина.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде и следното: „Мораме да застанеме на сопствени нози во секоја сфера од производството-развојот на податоци до безбедноста, одбраната, здравството, образованието, од информатичките технологии до вештачката интелигенција. Турција заедно ќе ја водиме кон нејзините цели.“

 



Слични вести