Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја посети Ајасофија во Истанбул

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утрово во Истанбул најпрвин ја посети Ајасофија, а потоаво придружба и на патријархот на Грчката патријаршија во Фенер Бартоломеј го посети теолошкото (свештеничкото) училиште на островот Хејбелиада

1140031
Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја посети Ајасофија во Истанбул
cipras ruhban okulu1.jpg
cipras ruhban okulu.jpg
cipras ayasofya1.jpg

Грчкиот премиер Алексис Ципрас кој на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган допатува во посета на Турција, по остварените средби и разговори вчера во Анкара, денеска престојува во посета на Истанбул.

Ципрас и делегацијата во негова придружба во Истанбул утрово најпрвин ја посети Ајасофија.

Гостинскиот премиер за време на неговата посета на Ајасофија беше придружуван од портпаролот на кабинетот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин. 

По овдешната посета Алексис Ципрас рече: „Радосен сум поради тоа што сум овде.“

Потоа грчкиот премиер во придружба и на Ибрахим Калин портпаролот на претседателот Ердоган и патријархот на Грчката патријаршија во Фенер Бартоломеј го посети теолошкото училиште (богословијата) на островот Хејбелиада каде што учествуваше на овдешната литургија.

Ципрас во говорот што го одржа во теолошкото училиште (богословијата) на островот Хејбелиада нагласи дека во последно време е доловен позитивен развој во односите помеѓу Турција и Грција.

"Служат за ценење позитивниот дијалог кој што започна со претседателот Ердоган и особено позитивните случувања по прашањето на враќањето на имотот на малцинските вакафи (фондации)." - рече тој.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази желба за взаемна заштита на правата на турските и грчките малцинства кои живеат во Турција и Грција.

"Се надевам дека мојата идна посета на ова училиште ќе ја остварам заедно со претседателот Ердоган." - додаде Ципрас кој стана и прв грчки премиер кој го посети теолошкото училиште (богословијата) на островот Хејбелиада.

Потоа Ципрас во Генералниот конзулат на Грција се состана и со претставниците на грчката заедница во Истанбул.



Слични вести