Реакција од Ердоган против САД и земјите на ЕУ кои се мешаат во внатрешните работи на Венецуела

Претседателот Ердоган направи проценка на случувањата во Венецуела и притоа покажа реакција против САД и земјите на Европската унија (ЕУ) кои се мешаат во внатрешните работи на оваа земја

1139118
Реакција од Ердоган против САД и земјите на ЕУ кои се мешаат во внатрешните работи на Венецуела

Претседателот на државата и воедно претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот на Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Ердоган во својот говор направи проценка на случувањата во Венецуела и притоа покажа реакција против САД и земјите на Европската унија (ЕУ) кои се мешаат во внатрешните работи на оваа земја.

Изнесувајќи ја својата реакција со зборовите „Зарем Венецуела е ваша провинција?“, Ердоган рече: „Како би можеле на еден човек кој е дојден на власт со избори да му кажете да си оди? На оној кој не влегол ниту на избори (претседателот на Националното Собрание Хуан Гуаидо) како би можеле да му го предадете претседателството на таа држава? Која демократија: Нели бевте демократи, што е ова? Зарем постои ваков начин на сфаќање? Зарем може да се прифати тоа? Ете ја Европската унија (ЕУ). Излезе на виделина што е и ЕУ. Какво е ова понижување?“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својата реакција против САД и земјите на Европската унија (ЕУ) кои се мешаат во внатрешните работи на Венецуела ја продолжи со следните зборови: „Од една страна ќе велите демократија, избори, а потоа со сила и со измама ќе ја соборувате владата. Ние не прифаќаме свет во кој силниот е во право. Ние прифаќаме свет во кој правиот е силен. Нашиот пат треба да го продолжиме со овој начин на размислување. Градбата во која владеат силните не е градба на нашето сфаќање за цивилизираност.“

 



Слични вести