Ердоган: Менбич и истокот на Еуфрат се најзнајни точки на нашиот дневен ред во Сирија

Претседателот Ердоган го повтори својот повик до САД да ги исполнат дадените ветувања по прашањето на прекинување на поддршката на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и истерувањето на терористите од подрачјето на Менбич

1139254
Ердоган: Менбич и истокот на Еуфрат се најзнајни точки на нашиот дневен ред во Сирија

Претседателот на државата и воедно претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот на Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Во оваа пригода Ердоган го повтори својот повик до САД согласно постигнатата спогодба да ги исполнат дадените ветувања по прашањето на прекинување на поддршката на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и истерувањето на терористите од подрачјето на Менбич.

Велејќи дека Турција ги почитува територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија, Ердоган рече: „Седнуваме и разговараме со сириските опозиционери кои располагаат со легитимитет, се обидуваме да им помогнеме. Единствениот пат за воспоставување на нашата безбедност е да се пресушат изворите на терористичките организации во Сирија.“

Претседателот Ердоган нагласи дека Турција се противи на ДЕАШ и на ПКК и ЈПГ поради тоа што тие се терористички организации и рече: „Менбич и истокот на Еуфрат се најзнајни точки на нашиот дневен ред во Сирија. Очекуваме САД да ги исполнат ветувањата кои што ни ги дадоа. Се додека прашањето со Менбич се остава нерешено растат аспирациите и на режимот кон ова подрачје. Народот во ова подрачје, под безбедноста на Турција сакаат самите да застанат во одбрана на сопствената иднина. Имаат доверба во нас. Поради зулумот што го спроведува ПКК/ЈПГ врз локалниот народ Сиријците не можат да се вратат во своите домови. Ги продолжуваме и нашите воени подготовки. Доколку САД не ги исполнат ветувањата кои што ни ги дадоа, ние самите ќе си ја пресечеме нашата папочна врвца.“ 

Подвлекувајќи дека во однос на овие прашања оствариле продуктивни разговори со американскиот претседател Доналд Трамп кои што влеваат надеж, но дека на разговорите на пониско ниво не може да се постигне истата продуктивност, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган продолжи со следните зборови: „До моментов нема одреден конкретен план поставен пред нас. Доколку не бидат извадени терористите во рок од неколку недели, нашиот рок на чекање ќе истече. Ќе се стекнеме со право да ги ставиме во примена нашите сопствени планови. Не мораме да побараме дозвола или да полагаме сметка пред никого за работите кои што ќе ги направиме тогаш кога ножот ќе допре до коската. Ниту една закана, вклучувајќи го и списокот со санкции не може да не одврати назад од овој пат. Сите родовски заедници во подрачјето прашуваат кога доаѓате. Сиве овие директиви им ги дадов отворено на другарите кои ги водат разговорите.“ 

 



Слични вести